Марио Балотели го пратија на психијатар за да ги откаже цигарите


Напаѓачот на Манчестер сити Марио Балотели доби наредба од клубот да посетува психијатар за да го остави пушењето.

Нервозниот менаџер Роберто Манчини побарал од Балотели дури ако треба да оди и на хипноза за да престане да пуши. Тој верува дека компбинацијата хипноза и психијатар ќе го натераат Балотели да конечно престане да пуши.

Оваа наредба доаѓа откако клубските лекари рекле дека ако продолжи да пуши може да му се влошат проблемите со очите кои му се појавиле неодамна.

Инаку Марио пред неколку дена бил и на операвија во болница во Милано кај познатиот лекар Емануел Скури кој изјавил дека операцијата на очите била неминовна, дека била успешна и за десетина дека ќе може повторно да игра фудбал.

Иако пушењето е табу тема меѓу спортистите, многу фудбалери биле пушачи. И тоа некои од најголемите имиња биле големи уживатели на тутунот. Легендарниот капетан на Лидс Били Бремнер, голманот Вест Бромвиќ Албион Џон Озборн. Џан Лука Вијали како и Ешли Кол кои и не крие дека ги обожува цигарите.

Share Button

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1