Најбогатиот французин ќе емигрира во Белгија заради понизок данок


Најбогатиот французин Бернар Арно сака да земе двојно државјанство, француско-белгиско, како би избегнал плаќање на 75 проценти од данокот што го плаќа сега во Франција.

Медиумите пренесуваат дека четвртиот најбогат човек во светот има намера да емигрира во Белгија, за да го избегне францускиот данок на приход. Како што пренесува белгискиот весник „Либр“, Арно, кој „тежи“ 41 милијарда долари, веќе официјално поднел барање за емиграција.

Арно, од друга страна негираше такво нешто, тврдејќи дека не сака да емигрира, туку само двојно државјанство, пренесува Анса.

„Ова барање ќе го третираме исто како и останатите 47.000 барања што ги имаме. Го примивме минатата недела и барањето е во процес на обработка“- изјави претседателот на надлежната комисија на белгискиот парламент.
Арно нема белгиско државјанство, ама има резиденција во таа земја. Да добие државјанство треба да докаже дека е поврзан на некој начин со Белгија, наведе Анса.

Tags: , , , ,

Благоја Гроздановски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1