Голем пожар кој синоќа избувнал бо албанија се шири и и се заканува и на нашата земја. Пожарот избувнал на планината Крчин, а на наша територија веќе зафатил над 100 хектари каде е опожарена сува трева но постои голема опасност да бидат зафатени и површини со шума.
Во локализирањето и гаснењето на пожарот учествува Противпожарната екипа од Дебар, заедно со вработени од Јавното претпријатие “Македонски шуми”.










