Маж и жена банкари ги празнеле сметките на патниците од исчезнатиот авион


Банкарска службеничка и нејзиниот сопруг беа уапсени под обвинение дека украле 30 илјади долари од сметките на патници на исчезнатиот пред пет месеци малезиски авион од летот МХ370

malezija avion33-годишна службеничка, која работела во банката 10 години и нејзиниот сопруг и државјанин од Пакистан биле главни актери во злосторството.Пакистанецот уште не е пронајден, но истражните органи веруваат дека тој уште е во земјата.

Се смета дека сопружниците префрлиле дел од парите на негова сметка по електронски пат. Колеги на осомничените забележале чудна активност во една од банкарските филијали. Тие и дале сигнал на полицијата.

Запленети видео записи покажуваат дека парите се повлечени од маж кој внимателно го криел лицето.

Парите биле повлечени од сметки на двајца малезиски и двајца кинески патници од несреќно лет МХ370.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1