Скопјанецот Р.Р. (75) вчера попладне бил пронајден мртов во апартман во хотел Лаки во Скопје.
Од полицијата информираат дека според првичните информации на безживотното тело на скопјанецот не се забележани траги на насилство.
Полициски екипи извршиле увид на местото на настанот, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот ќе биде предадено на обдукција.