Маж, жена и две деца пронајдени мртви – полицијате вели се работи за семејно самоубиство


Мртвите тела на еден маж и две деца, веројатно Французи, се пронајдени во петокот во подножје на карпа во швајцарските планини, изјави портпаролот на полицијата на кантонот Нојшател, и додаде оти се претпоставува дека станува збор за самоубиство.

Неколку стотина метри од трите тела на маж и деца, пронајден е и женски труп, меѓутоа полицијата засега не верува дека станува збор за сопруга на мртвиот маж, ниту за мајката на пронајдените тела на децата.policija svetla mk

Член од семејството на мртвиот маж ја повикал во петокот утрото швајцарската полиција загрижен поради неговата порака дека ќе се убие заедно со двете деца во масивот Кре-ду-Ван,

Полицијата веднаш преземала потрага со хеликоптер и 40-ина полицајци со кучиња трагачи. Телата се пронајдени токму во подножјето на планината Кре-ду-Ван. Неколку стотини метри подалеку, полицијата открила и безживотно женско тело, но смета дека двата случаи не се поврзани.

Телата официјално не се идентификувани, додал полицискиот портпарол Даниел Фавр. Но според него постојат индиции дека жртвите биле Французи и живееле во село близу Понтарлие, во близина на француско-швајцарската граница

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1