Мажите кои не ги мијат забите редовно имаат проблем со ерекција


Дека се е во бакнежот, покажува и последното истражување на  лекарите кое вели дека мажите кои не ги мијат забите редовно освен што немаат пријатен здив туку таа состојба укажува и дека најверојатно имаат проблеми со ерекција.

Мажите кои редовно ги мијат забите, го намалуваат ризикот од болести на непцата, а се помалку имаат шанси и да страдаат од еректилна дисфункција. Новите истражувања покажуваат дека оние кои страдаат од воспалени непца, се со три пати поголеми шанси да имаат проблем да се возбудат.

Турски научници спровеле студија во која споредиле 80 мажи на возраст од 30 до 40 години, со еректилна дисфункција, со 82 мажи кои немале проблеми со ерекцијата.

Резултатите покажале дека 53 % со еректилна дисфункција имале воспалени непца. Кога резултатите биле приспособени за други фактори, како што се возраста, индексот на телесната маса, приходот во домаќинствата и нивото на образование, мажите со оштетени непца, имале 3,29 поголема веројатност да страдаат од ерекција, отколку мажите со здрави непца.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1