Мажите се поздрави благодарение на жените


Машкиот пол за време на еволуцијата развил поздрави гени благодарение на својата генетска врска со жените, покажало најновото истражување. Истражувањето кое го спроведиле тим доктори од Универзитетот Јеил открива дека генетската врска меѓу мажите и жените има значајно меѓусебно влијание.

– Со оглед на тоа дека таа врска постои, мажите на еволуцијата реагирале различно на природната селекција за разлика од жените. Во овој случај, тие реагираат на начин кој го унапредува нивното здравје, вели професорот Стернс.

Мажите, како што вели, по пат на селекција стануваат се поздрави – им се снижува холестеролот, крвната глукоза и притисокот поради влијанието кое до нив доаѓа преку жените, а не поради влијанието кое директно влијае врз нив.

Стернс заедно со колегите зел податоци од долгогодишни американски медицински студии и ги анализирале со особините кај 1500 семејни стебла со околу 15 илјади членови.

Нивната студија, се занимавала со проучување на особините кои се под влијание на нашите гени – висина, тежина, крвен притисок и глукоза, вкупен холестерол…

Истражувачите заклучиле дека повеќе здрави гени има кај мажите поврзани со жените кои имаат такви гени.

Стернс вели дека ова откритие покажува дека развојот на мажите се движи кон пониско ниво на холестерол, понизок крвен притисок и помалку глукоза во крвта.

– Истражувањето покажа дека и мажите влијаеле на женската еволуција, но ефектот не бил толку силен, заклучува Стернс.

 

Share Button

Tags: , , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1