Медицински феномен: Забременила додека била бремена (ФОТО)


Верувале или не, можно е да се забремени и додека жената веќе е бремена. Тоа и се случило на Кајли Хил која останал бремена два пати во период од десет дена.olivija-sarlot-hill

Имено, Кајли и нејзиниот сопруг не можеле да имаат деца бидејќи таа има проблем со јајниците и немала овулација. По примањето на хормонската терапија Кајли останала бремена два пати. Овој феномен е толку редок што забележани се само 10 вакви случаи во светот.olivija-sarlot6

-Тоа се вика суперфетација. Ретко се случува, но мене ми се случи. Веќе бев бремена кога се појави и втората јајце клетка. Така да моите бебиња се зачнати со разлика од 10 дена, објаснила Кејли, пишува Дејли Мејл.

Она пак што е уште почудно е дека со сопругот имала односи само еднаш.olivija-sarlot7

-Замислете го тоа. Неговата спремна во мене преживеала 10 дена и оплодила уште една клетка, неверојатно, вели Кајли која се породила во декември минатата година.

Девојчињата Оливија и Шарлот по раѓањето покажувале голема разлика во тежината и развојот, но сега двете се здрави и среќни девојчиња на кои им се ближи првиот роденден.olivija-sarlot

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1