Мигрантите ја сменија рутата: Ова е новата мапа на движење – Ќе ја заобиколат ли Македонија?


Новиот бран на мигранти кои преку Турција пребегнуваат во Европа, во камповите деновиве добиле ново упатство за текот на рутата по која треба да се движат, за да стигнат до Германија и скандинавските држави.

mapa.jpg500

Досегашната рута, која води преку Србија, што подразбира дека мора да ја поминат и Македонија, како што пишува српски Курир, веќе ја губи својата актуелност, затоа што сега се отвора нов правец кој од Турција води кон Грција, па Бугарија, Романија, па преку Унгарија за да влезат во западна Украина и Полска да стигнат до Германија. За прв пат се појавила и рутата од Грција преку Албанија и Јадранското море да стигнат до југот на Италија.

До овие информации, како што пишува српски Курир, дошле безбедносните служби во регионот.

Интересно е тоа што за прв пат како опција се појавува Украина, каде веќе повеќе од година дена се води граѓанска војна. Причината е тоа што Унгарија веќе подолго време држи ѕид кон Хрватска и Словенија.

-Според новата мапа, која започнала да се дели меѓу мигрантите од почетокот на септември, Србија се заобиколува, но тоа не мора да значи дека тие целосно ќе ги заобиколат Македонија и Србија, туку можеме да очекуваме многу помал прилив на мигранти, вели изворот за Курир.рс.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1