Министерството за здравство за смртта на трудницата – двајца тотално неодговорни лекари


Министерството за здравство се огласи по прескоференцијата на СДСМ во која се генерализира и обвинува целото здравство за случајот со смртта на трудницата од Дојран. Еве го соопштението

,, За случајот во гевгелиската болница веќе се преземаат сите потребни мерки од страна на надлежните институции. Апелираме дека е неприфатливо критиката да се генерализира за сите здравствени работници, односно сите здравствени работници да бидат ставени во ист кош поради двајца комплетно неодговорни доктори.ministerstvo zdravstvo

Не може да се лоцира колективна одговорност за лична непрофесионалност и неодговорност. Секој лично треба да одговара, и ќе одговара за своите постапки во законска процедура.

Крајно неодговорно и ниско е да се злоупотребува трагедија на едно семејство и смрт на млади луѓе за политичко поентирање.

Исто така, неодговорно е сите да бидат обвинети за грешка, пропуст, па дури и тотална неодговорност за што има сериозни индиции во овој случај, кога тоа е сторено од поединци.

Одговорноста секогаш е персонална и никој не смее да се крие зад колективна одговорност, ниту пак кога се знаат виновниците или има сериозни основи за сомневање за виновниците, да се напаѓаат сите здравствени работници и целиот здравствен систем.

Виновниците за оваа трагедија мора да одговараат и да ја платат цената на својата неодговорност, во постапка предвидена со закон.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1