Мистерија на влез од тунел во Србија: Сликал од возот – јасен лик на жена се појавил (Фото)


Обично туристичко патување за еден граѓанин се претвори во таканаречено мистично искуство. М.М. од Крагуевац во Србија направил фотографија на која, како што вели, јасно се гледа женски профил преку целиот тунел на Шарганската осмица, место каде во неделата бил на излет.

„Се возевме со возот, и јас цело времо фотографирав. Тогаш не приметив никаква необична појава, но кога стигнав дома и кога ги прегледав сликите, видов женски профил преку целиот тунел“, вели жителот од Крагуевац.

misterijausarganu

Тој додава дека на секој на кого му ја покажал фотографијата, му соопштил дека на истата гледа женски профил. „Приказната беше до толку необична што посакав да ја споделам со другите, па ви ја испратив на вас“, вели М.М. и додава дека ваква необична ситуација му се случила за прв пат во животот.

Психолошкиот момент да луѓето ги забележат човечките особини на сликите на природата, како што е случајот на профилот на жена во тунелот, се нарекува параидолија. Феноменот често се јавува во време на верските празници. Психолозите ваквата приказна, па и ова со Шарган, го објаснуваат со феномен на параидолија.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1