Последна фотографија на младиот херој: Минути подоцна – драма и борба за живот и смрт


Не мислејќи на својата безбедност Чанг Чангијанг (18), и покрај тоа што не знаел да плива, скокнал во вода кога слушнал три деца како се давеле во езерото. Само неколку минути откако позирал за забавна фотографија на излет, Чанг Чангијанг завршил мртов.

И покрај тоа што не знаел да плива, овој млад човек се одлучил на херојски чин и скокнал во езерото за да ги извлече трите деца кои се давеле. Нивните животи ги спасил, но за жал тој самиот настрадал. Ченг уживал опуштајќи се по испитот, на излет во Ксинјанг во Хенан провинцијата, во централна Кина, кога потоа се случила несреќата.

ceng-cangjiang-foto-dayli-mail-1389258819-424447Ванг Каих (11) и неговите помлади браќа стари 4 и 6 години, кои до езерото дошле со нивната баба Ванг Зхонгјан (63), влегле во езерото и почнале да се дават, а во невоља западнала и нивната постара сестра која тргнала да им помогне. Во тој момент, Ченг ги слушнал нивните врисоци и без размислување влегол во вода да ги извлече децата на површина. Откако се вратил во водата по третото дете, стигнал тамошниот жител Ван Сун (31) кој притрчал на помош.

„Ми го подаде момчето кое го извлеков на брегот. Но, кога се свртев него го немаше. Успеавме подоцна да го извлечеме од водата, но за жал веќе беше мртов. Немаше никакви шанси да го спасиме. Со својот живот ги плати животите на трите деца“, вели Сун.

Неговиот татко вели дека ваков чин бил типичен за неговиот син. „Никогаш не се ставал себе си пред другите. Се гордеам на тоа што го направи, но истовремено и сум скршен поради губењето на синот“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1