Мистериозна болест остави тинејџерка без нозе – лекарите поим немаат зошто (Видео)


Тинејџерка од Орегон ги загубила двете нозе од мистериозна инфекција, а лекарите до ден денес не знаaт која е причината за ваквото заболување.

18 годишната Тибита Шулке, која го посвети нејзиниот живот за да им помогне на другите како мисионер, сега се бори за својот живот и се наоѓа во критична состојба во болница во Портланд. Табита најпрво добила симптоми слични на оние од грип, а набрзо добила и гангрена на нозете.

„Таа изгледаше како да била излезена на снег долго време па смрзнала, наеднаш и помодреа нозете“, изјавила нејзината тетка Кејти Зимерман.
Лекарите на почетокот не знаеле што да прават и мислеле дека и нема спас. Во очајнички обид, од болницата контактирале со „Legacy Emanuel“, барајќи да им испратат специјален тим за да постават „екстракорпорална мембранска оксигенција“, односно технологија која ќе им обезбеди техника која што ќе и овозможи поддршка за пациентите, чии срца и бели дробови не функционираат правилно.
Гангрената и понатаму продолжила да се шири, принудувајќи ги хирурзите да се решат за ампутирање до колената. Знаците укажувале на токсичен шок, синдром, болест со 50% шанса за преживување, предизвикана од одредени видови на „Staphylococcus“ бактерии. Ваквиот синдром првично наликува на инфекција на грип, но многу брзо може да се влоши со висока треска, опасно низок крвен притисок и органска инсуфициенција.
Ваквата ретка состојба доведува до површни рани на кожата. Половина од случаевите се јавуваат кај жените во периодот на менструален циклус.
„Се препорачува жените да користат влошки“, вели доктор Филип Тиерно, експерт за синдром на токсичен шок и директор на клиниката на микробиологија и имунологија на Медицинскиот центар на Универзитетот во Њујорк. Лабараториските студии ќе потврдат дали инфекцијата е предизвикана од тоскичен шок. Болничкиот персонал се надева дека таа набрзо ќе се опорави. Членовите од семејството се уште ги чуствуваат последиците од тоа што и се случило на оваа млада енергична жена.
„Таа се уште е мојот ангел и е навистина прекрасна однадвор, но уште поубава од внатре“, вели нејзината тетка Зимерман.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1