Mитот падна: Црногорците не се мрзливи – повеќе работат и од Македонците и од Србите


Според резултатите од истражувањето спроведено од сајтот  Makroekonomija.org, во текот на еден работен ден Македонците и Албанците се помалку  продуктивни во однос работниците од Црна Гора кои се потрудољубиви и од Србите.

За разлика од Србите, Македонците и Абанците се помалку продуктивни во работата.
Дури и босанците кои важат за мрзливци подобро котираат на листата на продуктивност во работата за разлика од нас.

Хрватите кои годишно заработуваат 37.000 $ се значително попродуктивни од Србите, а пак Словенците, според производството можат да се споредат дри и со германсите работници.

Економистот Мирослав Здравковиќ, кој го спроведе инстражувањето дојде до овие податоци пресметувајќи го одност на БДП со бројот на вработени.

Според ваквите пресметки, работниците од Луксемвург, Сингапур, како и од САД се најпродуктивни во работата.
– При оценувањето на продуктивноста на една личност не е важно, на пример, дали работникот работи 120 часа во текот на месецот,  или два пати по толку, па по таа логика да се извлече заклучок дека најпродуктивен е оној што работи 240 часа месечно, вели Здравковиќ.
При оценување на продуктивноста треба да се земе во предвид и видот на работата која се извршува, како и на она колку таа работа се вреднува на пазарот на труд.
– Еве два примери. Да земеме илјада рибари кои ќе уловат  иста количина на риба, како и на рибарски брод со неколку членови на екипажот, или, да земеме еден американскиот фармер со 1.000 хектари земјиште и 500 српски семејства кои би поседувале по два хектара. Значи,  ако износот на трудот и капиталот е од суштинско значење,  логично е и дека платите се значително повисоки во Германија отколку во Србија – објаснува тој.
Ако ги споредиме БДП по вработено лице,  не се кршат само предрасудите за трудољубивоста на Србите и Црногорците. Очигледно е дека сите податоци за работниците од Германија, Јапонија и Швајцарија укажуваат на фактот дека овие луѓе само малку повеќе работат од Грците уште денес се трн во око на цела Европа.

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1