Митот разрешен: Не е само понеделник лош, има и полоши


Можеби ќе кажеме дека не го сакаме понеделникот но, истражувањата покажуваат и вторник , среда и четврток ги „презираме“ подеднакво.

Во едно истражување во кое учествувале 340 илјади испитаници научниците откриле дека расположението на вработените луѓе не е ништо полошо во понеделник за разлика од останатите работни денови од неделата, пренесува BBC News.

Испитаниците биле посреќни кога се приближувал викендот, а расположението го опишувале како „оначувство во петок кога викендот е на само чекор од тебе“.

Истражувачите за Journal of Positive Psychology изјавиле дека треба да го исфрлиме изразот „јаден“ понеделник. Професорот Артур Стоун од училиштето Стони Брук изјавил дека треба од глава да го исфрлиме верувањето дека понеделник е лош ден бидејќи тоа влијае врз расположението во овој ден од неделата.

Тимот на професорот Стоун до резултатите стигнале преку телефонска анкета. Луѓето изјавувале дека во петок сабота и недела се под влијание на многу мал стрес, дека повеќе уживаат и дека се посреќни за разлика од останатите денови од неделата.

Професорот Стоун заклучил дека разликата во расположението во недела и понеделник довело до тоа понеделникот да го мразиме најмногу, неправедно, во споредба со другите денови во неделата.

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1