Видео: Ги нема повеќе моите златни деца! – трагична исповед на мајката на настраданите брат и сестра на автотрката на Тара


– Во неделата утрото насмеани и среќни ги бакнав и ги испратив на рели. Мојата ќерка и мојот син…Златни деца на кои секој родител би бил горд…Наместо да се радуваме едни на други како и секогаш им подготвуваме погреб, низ солзи и лелек раскажува во семејниот дом во „Бајина Башта“ Бранка Тришиќ, мајката на Јована 27 и Никола 30 Тришиќ кои настрадаа за време на автотрката на Тара.

Никола, кој имал проблеми со видот и кој бил врзан за инвалидска количка и неговата сестра Јована, студент на географија, им подлегнале на повредите со кои се здобиле во текот на трката „Тара 2012“, кога врз нив од писта излета Бранимир Симич, автомобилист од „Бјелина“. Во трагедијата настрадал и Драгиша Јаковлевиќ 47 од Петровец, а додека неговиот син Стефан 17 поминал со тешко повреди.

Бајина Башта вчера тагувала. Од станот од кој во неделата братот и сестрата заминале во смрт, вчера се слушале само лелеци. „Кукала“ несреќната мајка, а со неа на глас плачела и целата фамилија.

Таткото Марко веста за неговите загинати деца ја дочекал во Русија каде работел за да го издржува својот болен син и својата ќерка студентка.

– Денеска требаше да пристигне, изјавиле соседите.

Неутешливата Бранка пронашла сила да зборува за своите деца.

– Јована дојде од Белград само за да го одведе својот брат на трката. Ги завршуваше своите студии, во септември требаше да дипломира. После тоаа сакаше да се омажи. Никола живееше за автомобилизмот, за трките. Мојот несреќник пет пати одеше на операција. Му ги лечеа нозете и очите, успеала да изусти несреќната мајка.

Се присетила на неделата, моментот кој засекогаш ја завил во црно.

– Слушнав амбулантно возило кое брзаше кон Тара. Дали е тоа мајчинскиот инстинкт, скоро бев уверена дека нешто лошо им се случи на моите деца. Ја побарав Јована но не се јавуваше. Веднаш го побарав и Никола. Но на мојот повик одговори непознат машки глас – госпоѓо вашиот син е повреден, раскажува Бранка.

Во Јасиковиќ на Тара и вчера се истражувала причината која довела до несреќата и што всушност се случило во неделата. Трагите од гумите на автомобилот на Симич се уште биле на тревата покрај патот, како и скршениот сообраќаен знак на кој неговото возило налетало.

– Штом жолтиот Митсубиши лансер се појави од кривината и наместо да сврти продолжи да се лизга по пистата кон делот предвиден за публика ми беше јасно што ќе се случи. Прелета преку заштитната ограда, удри прво во Јаковлевиќ кој ја фотографираше трката, а потоа удри во бетонската бандера која исправено стоеше покрај патот. Од тој удар возилото буквално полета во воздух. Во летот удри во носечкиот столб на сообраќајниот знак, метар и половина над земјата и падна право на девојката и момчето во инвалидска количка, сведочи Митар Тешиќ, очевидец на несреќата за српските медиуми.

На местото се затекнал и Радиша Стамениќ Сиско, повеќекратен првак во трките на Југославија.

– Пукна како да одекна бомба. Се дигна облак од прашина низ кој луѓето лутаа барајќи ги своите најмили. Не се ни знаеше на кого падна автомобилот. Возачот Симиќ излезе од автомобилот кој чадеше и со противпожарен апарат го изгаси огнот. После тоа падна на земја, се фати за глава, се кубеше, колнеше, пцуеше по организаторите на трката, изјавува Стамениќ.

Смачканиот автомобил на Симиќ бил однесен во АМС во Ужице каде по налог на полицијата ќе биде направен дополнителен технички преглед. Никола и Јована Тршиќ ќе бидат погребани на градските гробишта во Бајина Башта. Оваа општина поради загубата на двајца сограѓани денеска,вторник, 21 август го прогласи за ден на жалост.

Според написите на тамошните медиуми на елаборатот за трката на местото на несреќата воопшто не било предвидено да има публика. Трката доцнела со почетокот бидејќи редарите ги распоредувале и преместувале гледачите од критичните точки. Најверојатно луѓето биле преместени и од оваа критична точка но веднаш позади местото на несреќата имало киоск и се претпоставува дека најверојатно луѓето само преминале со чел да стигнат до продавницата.

За кривично дело против општата сигурност се осомничени директорот на Трката Сарајлија Исмет, член на спортска комисија и директорот на трката задолжен за безбедноста. Возачот на „автомобилот на смртта“ нема да одговара за несреќата.

 

Tags: , , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1