Во писмото Младенов бара македонското раководство да потпише Договор за добрососедски односи и соработка кој ќе се базира врз договорената декларација од 1999 година.
Втор услов за Скопје кој си го нарачува Софија е изградба на неопходната инфраструктура за засилена соработка при што треба да се создадат работни групи за подобрување на меѓусебните односи во клучните области.
И како трет услов, Бугарија предлага создавање на совет на високо ниво на кој ќе се одржуваат годишните заедничку владини седници.
Доколку Македонија ги исполни овие услови тогаш со сигурност ќе ја добие поддршката од Бугарија се вели во писмото на Младенов.
Младенов забележува дека односите меѓу двете држави во последните пет години не се на нивото на кое треба да бидат. Тој вели дека е вознемирен поради постојаното засилување на анти-бугарската активност и реторика во Македонија, а како пример ги наведува „сигналите за дискриминација на граѓаните кои си ја задржале бугарската самосвест“, како и фактот што „обидите на бугарската страна да си го чествува богатото културно-историско наследство не наоѓа на поддршка во Скопје“.