Мода или? – Се повеќе родени бебиња во Македонија се вонбрачни


Лани во Македонија се родиле 23 752 деца, што споредено со 2011 е за 798 или за 3,5% повеќе, соопшти државниот завод за статистика.

bebinjanoovo-600x401Во структурата според пол, кај живородените деца машките имаат поголемо учество и тоа 51,9%, односно, на 100 живородени женски деца, 108,1 се машки.

Според возраста на мајката, најголемо учество, односно 35,1% се живородени деца од мајки на возраст 25-29
години, па следуваат мајки на возраст од 30 до 34 години со 25,1%, па мајките од 20 до 24 години со 23,8% итн.

Просечната возраст на мајката при вкупниот број на раѓања е 28,1 години, а 26,3 години на првите раѓања,
односно благ пораст во однос на минатата година. Генерациска година на раѓање на мајката која се појавува
како најфреквентна при раѓањето на детето е 1984 година.

Во 2012 година се регистрирани 26 живородени деца од мајки на возраст под 15 години.

Бројот на вонбрачните живородени деца изнесува 2 742 деца, или 11,6% од вкупниот број на живородените
деца припаѓаат на вонбрачните.

Ekonomski

bebinja statistika

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1