МОМЕНТ НА ВИСТИНАТА: Во квизот признала дека е проститутка, дечко и ја обесил (Видео)


Откако во перуанската верзија на квизот “Mомент на вистината” признала дека го продава своето тело за пари и дека работи како стриптизерка Брајан Ромеро Леива ја убил својата девојка, а потоа со помош на роднините ја сокрил во предградие во Лима.

Учесничка во перуанска верзија на квизот “Момент на вистината” била дрогирана, претепана, а потоа и обесена од страна на нејзиниот дечко откако во квизот признала дека е проститутка и стриптизерка, а нему му рекла дека работи во телефонски центар.
Брајан Ромеро Леива  и признал на полицијата дека ја убил Рита Талија Сајас (19) така што прво ја дрогирал со таблети за спиење. После нејзината смрт, со помош на роднините нејзиното тело го сокрил во предградие на главниот град на Лима на 11 септември.

Полицијата го фатила изминатиот викенд и тоа во последен момент на границата со Еквадор каде се обидувал да побегне.
Во многу непријатен, но популарен квиз натпреварувачите одговараат на интимни прашања во замена за пари. Најголемата награда за искрените одговори на 21 прашање е нешто помалку од 15.000 евра. Сајас одлучила да се откаже кога стигнала до 5 000 евра, но неповратната штета веќе била направена.
Всушност, натпреварувачката била прашана дали нејзините родители  би биле засрамени доколку би дознале дека работела како стриптизерка и дека била плаќана за сексуални услуги. Сајас тогаш одговорила дека всушност работи како стриптизерка и танчерка и дека веќе давала сексуални услуги на муштерии.

Во студиото покрај бесниот дечко тука биле и нејзините родители кои биле во голем шок.
Ова не било прв пат квизот да предизвика вакви контрoверзии. Колумбиското шоу било укинато затоа што една учесничка признала дека најмила човек да го убие нејзиниот маж. Исто така признала дека била поврзана со корупција, криумчарење дрога. Пишува  Jutarni list

Oва е емисијата каде девојката признала дека била проститутка. Подоле е трогателно видео од нејзиниот погреб.

Tags:

Иренa Мрческа

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1