Потврдено – Канал 5 има нов газда, но не дечкото на Натали


Досегашниот сопственик на Канал 5, Емил Стојменов изјавил дека телевизијата е продадена и има нов сопственик, но тоа не е Турчинот Сердар Синлак, кој во Македонија стана познат како новото момче на манекенката Натали Грубовиќ.

Како што јавува новинската агенција „Нетпрес“ досегашните сопственици изјавиле дека името на компанијата која ја купила Канал 5 ќе биде соопштено официјално во текот на денот.

Во Советот за радиодифузија сеуште нема информации за промена на сопственоста на Канал 5, а денеска истекнува рокот што СРД им го даде на медиумите да си ја средат сопсвеничката структура според членот 11 од Законот за радиодифузија.

Стојменов беше принуден да ја продаде Канал 5 бидејќи неговиот татко Борис Стојменов е пратеник во Собранието, што е противзаконски.

Share Button

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1