Лама од Тибет, познат како Пророкот од Шамбала, кој е под светилиштето на Gyandrek Kailas, до НАСА испратил свое предупредување за „судниот ден“.
Вели дека на 21.12.2012 година сите планети ќе влезат во “нулта зона” – простор во кое не може да се шират никакви енергии и ќе настапи тотален мрак.
Тој во писмото до НАСА напишал дека Земјата ќе се растресе, темнината ќе биде на моменти прекинувана со експлозивни светлини, можно е луѓето да имаат и халуцинации, нема да биде крај на светото – од тие потреси ќе изумрат можеби 10 посто од популацијата.
Прв знак ќе бидат животните – тие имаат сенс и ако видите животни како бегаат тоа е почетокот.
Во писмото дава и неколку совети до луѓето како да се заштитат – советува на 20 декември сите луѓе да ги напуштат градовите и да се упатат кон малите населби. Да понесат храна и вода за два месеци. Да не се излегува надвор, да се затемнат прозорците. Дури кон крајот на март, ќе се нормализира животот но не во градовите, вели пророкот.