Монако ќе има нова принцеза – се вери синот на Каролина


Синот на принцезата Каролина од Монако, младиот Андреа Казариги се вери со бразилката Татјана Санто Доминго. Веста ја објави неговата мајка.

,, со радост ве информирам за веридбта на мојот син,, истакнала во соопштението принцезата Каролина.

И Андреа и неговата избраничка имаат по 28 години. Заедно се веќе 7 години. Датумот на свадбата сеуште не е одреден.

Андреа е најстариот внук на принцот Алберт 2 од Монако. Во моментов е втор на списокот за наследување на престолот, пред него е мајкаму Каролина. Таткото на Андреа е Стефано Казариги, кој беше втор сопруг на Каролина, кој погина во 1990 година во сообраќајна несреќа во Монако.

Името на Андреа, неговата сестра Шарлота и брат Пјер често се споменуваат по медиумите. Во декември лани полицијата го сопрела Андреа кога возел 200 километри на час на автопат во Франција. Полицијата му го одзеде автомобилот ауди А6 и возачката дозвола. По овој инцидент тој се вратил дома со воз.
Андреа Казариги е внук на принцезата Грејс Кели, која беше омажена за принцот Рение.

Tags: , , , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1