Падна ACTA – Големата риба ,,народот,, секогаш победува кога е здружен


Ако го отворивте интернет пребарувачот денеска и живеете во 21 век, тогаш сигурно сте чуле за АКТА. Насловите не денешните интернет страни варираа од „Демократијата победи“ до „Народот ја уништи индустријата“. Кога се работи за СОПА,ПИПА и АКТА, нема неутрални страни, или си со големите компании или си со народот. 

Овие три имиња засекогаш ќе бидат запаметени во историјата, не заради тоа што тие три закони го содржеа, туку заради тоа што тие поттикнаа.

За прв пат во својата две-три децениска историја на интернетот сите се сплотиа и работеа кон уништувањето на трите предлог закони. Од најголемите „криминалци“ – како што љубат сите да ги наречат хакерите и кракерите, до политичарите. Исто така во историјата влегува и фактот што за прв пат после Ладната војна политиката ја следеле сите, од 10 годишни деца до 100 годишни старци.

Но, да се вратиме на почетокот. Што се АКТА,СОПА и ПИПА?

АКТА:

Трговски договор против  фалсификување (англиски: Anti-Counterfeiting Trade Agreement или ACTA), во понатамошниот текст АКТА, е меѓународен договор кој има за цел воспоставување на меѓународни стандарди за заштита на интелектуалната сопственост, потпишан на 1 октомври 2011 помеѓу САД, Јапонија, Канада, Мароко, Нов Зеланд, Сингапур и Јужна Кореја а во почетокот на 2012 година се придружува и Европската Унија.

Почетоците на преговорите околу развојот на Законот датира од 2006 година кога САД со своите најблиски соработници, започнува тајни преговори. Во почетната фаза учествуваат САД, Јапонија, Европската Унија и Швајцарија а во 2008 година се приклучуваат Австралија, Јужна Кореја, Мароко, Мексико, Нов Зеланд и Сингапур.

Сами разговори се одржаа во најстрога тајност, а фактот дека воопшто се одржале го откри Викиликс во 2008 година. По таквото излегување во јавност на тајните преговори а под притисок на разни организации и поединци побарано е владите да ги предадат податоците за таквите преговори и за тоа за што се преговара, а добиените одговори беа:

·Европската Унија ги прогласила преговорите како државна тајна со објаснување дека информацијата би ја ослабнала преговарачката позиција на ЕУ и би ги расипала политичките односи со државите партнери.

·Канада го предала името на документот за кој се преговара, а сето останато било државна тајна ·Нов Зеланд исто така ги прогласил преговорите како државна тајна со ветување дека како држава преговарач ќе се обиде да добие дозвола за објавување на податоците

·САД одбија да ги објават податоците за АКТА преговорите со објаснување дека ќе и нанесат штета на државната безбедност, а поради истата причина по одлука на претседателот овој интернационален договор нема никогаш да биде предаден на американскиот Конгрес за гласање.

АКТА договорот добил поддршка од голем број корпорации кои се бават со производство на филмови, серии, музика, како и од корпорации кои се бават со производство на лекови.

Во документот кој пристигнал во јанвоста „Motion Picture Association of America“ т.е. здружение на шест најголеми филмски студија во 2010 година, да го подржат договорот поради тоа што тој дозволува:·Освен блокирање на пиратеријата на интернет, гасење/блокирање на интернет страниците кои прават проблем на Вашата влада како што е на пример Викиликс.

Корпорациите кои произведуваат лекови исто така дадоа полна подршка на овие договори затоа што АКТА дава приоритет на заштита на авторските права пред сите останати или во овој случај пред генеричките лекови кои можат да се произведуваат откако ќе истечат авторските права што доведува од 50-90 % на намалување на цените на лековите на што оригиналните производители жестоко се спротивставуваат.

По правилата на АКТА оригиналниот производител може во некои случаи да ја заплени и уништи пратката на генеричките лекови иако се тие произведени по сите правила.

По АКТА договорот, интернет провајдерите ќе мораат да ги собираат податоците за своите корисници и за она што тие го симнуваат од интернет за да може против нив да се покренат законски казниви акции, што по мислење на критичарите се коси со приватноста на корисниците.

Истрагата на осомничениот корисник во случај да се докаже дека е виновен, би платил во Канада максимална казна од 500 долари. Исто така против законско би било и користењето на било каков програм за маскирање на сопствената ИП адреса.

Друго важно правило на АКТА е дека полицијата ќе има законско право на граница да ги проверува податоците на сопствениците на мобилни телефони или компјутери заради проверка на кршење на АКТА правилата.

Да сумираме, големите компании кои ги поседуваат интелектуалните права за некоја работа со АКТА, ќе можат да бидат тужител, судија и џелат кон тие што искористиле и најмало делче од нивната интелектуална сопственост. Односно, компаниите ке можат да ги цензурираат не само интернетот, туку и телевизиите, радијата, книгите, па дури и рекламните билборди.

Исто така, тие ќе имаат право да ги следат корисниците на нивните производи и да собираат бази на податоци за нив, но тие ветија дека, тие никогаш не би направиле такво нешто(која иронија, па тие го прават тоа и сега).

СОПА

Работата не е ништо подобра и со СОПА. Ако АКТА е повеќе насочена кон остатокот од светот, СОПА беше предложена од американските компании и конгресмени и важеше за сите територии на САД.

Проблемот со СОПА, и зашто толку целиот свет, а не само САД реагираше против него е 90% од интернетот е хостиран во САД, САД  го контролираат и оддржуваат интернетот. Кога го знаеме ова, ситуацијата станува јасна, СОПА ќе имаше јурисдикција низ целиот свет, бидејќи ако си направил криминал на интернет, си го направил криминалното дело во САД.

По големите протести и големиот отпор на целата интернет заедница против СОПА, конгресот го повлече предлог-законот и го фрли во заборав. Компаниите се смирија бидејќи во исто време се појави АКТА, што дури им ветуваше подобра борба со пиратеријата и можност за цензура.

ПИПА

Сепак по се поочигледната загубена борба за поддржување на АКТА од пред се Европа, компаниите се погласно ја поддржуваат ПИПА. ПИПА или PROTECT IP Act (Preventing Real Online Threats to Economic Creativity and Theft of Intellectual Property Act, е нова форма на веќе отпишаната СОПА, само што овој пат компаниите ја предаваат борбата со пиратерија на САД. Со ПИПА владата на САД, поточно департментот за економија, добива своја еден вид разузнавачка агенција со преку 50 владини агенти и буџет од 46 милиони долари на годишно ниво.

Зошто е толку важно да се сопре АКТА?

АКТА не е измислување на топла вода, истите работи се видени во едно друго време и една друга форма. Секако, зборувам за комунизмот, не за оној кој го знаеме и кој го имала Југославија (кој имал и друго име, Титоизам), туку за оној што го имал Советскиот Сојуз и што сеуште го има Кина. Единствената разлика е во тоа што, наместо владите сега протокот на информации ќе го контролираат компаниите. За политиката на големите компании важи правилото, плати, па клати (се извинувам на изреката), тие го забораваат правото на избор и правото на потрошувачот, најдобар пример за тоа е компанијата за видео игри Близард ( World of Warcraft, Starcraft, Diablo 3), и се обидуваат да ги наметнат нивните агенди и производи на конзумерите, за нивна лична заработка.

Сепак, тоа што тие го потценија и го заборавија е идејата за демократија и правото на слободен избор. Токму заради тие причини падна СОПА, паѓа АКТА, а ќе падне и ПИПА.

На крајот, народот е големата риба, тој е на врвот на ланецот на исхрана, а во последните неколку години се потсети, кој е и што е. За спасување на демократијата и слободата не е битна раса или вера, тоа го докажаа протестите низ целиот свет.

Share Button

Tags: , , , , , , , , ,

Благоја Гроздановски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1