Факултет во Германија го тужи студентот дека пребрзо студирал


Студент од Германија за успехот кој го имал во учењето е награден со тужба од својот факултет. 22 годишниот Марсел Пол од местото Арнсберг успеал да положи 60 испити за само 20 месеци на приватниот факултет за економија и менаџмент во Есен.

Дипломирал со одлична просечна оценка 2,3 ( во германскиот систем најдобра оценка е 1)

Факултетот бара студентот да му исплати оштета од 3000 евра, односно дел од школарината која студентот ја заштедил и не му ја платил на факултетот, поради фактот што пребрзо студирал и скокал години.

Студентот успеал основните студии и мастер студиите да ги заврши за три наместо за 11 семестра. Дипломирал во август 2011. Сега факултетот преку судот бара тој да ја плати сумата, остатокот од школарината се до крајот на 2011 година.

Пол навистина бил вреден освен што успеа да заврши се за три семестра во исто време тој одел и на пракса во една банка.

Tags: , , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1