Апелациониот суд во Србија ја потврди одлуката на основниот суд за 40-годишна затворска казна за Драган Џуриќ.
Апелација појаснила дека ваква казна е основана и дека толку монструозен злочин мора да се осуди со најстрога казна.
Дури и инспекторите кои трагаа по малата Тијана Џуриќ од Србија која беше брутално мачена, силувана, убиена и закопана, плачеа за време на истрагата. Девојчето кое преживеа хорор и замина во смрт на 15 години, не остави рамнодушен никого во регионот.
Инспекторите кои 13 дена тргаа по Тијана прозбореа во јавноста за незапаметената трагедија:
– Сите тие денови деноноќно трагавме и верувавме дека ќе ја најдеме некаде заклучена и киднапирана. Желбата девојчето да биде живо не не напушти до крај, но за жал дојдовме до болната вистина. И да ја пронајдевме неколку часа по грабнувањето, немаше да можеме да помогнеме. Била веднаш убиена и закопана. Беше страшно, сите сме родители, тешко беше ова да се поднесе…Овие случаеви оставаат длабоки траги кои потоа цел живот ги носиме со нас. И јас сум татко на дете кое е на иста возраст, вели инспекторот Александар.
Тој додава дека на своето дете му забранил да излегува, а верува дека тоа го направиле најголемиот број родители.
– Колку и да се трудевме да бидеме прфесионални и да не внесуваме емоции, сепак не успеавме. Мајката на Тијана која се издржа стоечки, ме праша дали има надеж. Не знаев што да и кажам…додава инспекторот со солзи во очите.