Морничаво сведоштво од Манчестер: Спасував девојче без нозе, жена ми умре на рацете


Храбар бездомник кој обично просел пред Арената во Манчестер, раскажал како им ги спасувал животите на жртвите на бомбашкиот напад и како една жена му умрела на рацете.

33 – годишниот Крис Паркер рекол дека бил пред Арената кога се слушнала силна експлозија која го соборила на земја. Иако и самиот бил повреден, Паркер веднаш се стрчал во зградата за да им помогне на жртвите, пишува The Independent.

Прво извлекол едно девојче кое останало без двете нозе, а потоа се` до последниот здив на раце ја држел жената која починала поради тешките повреди на главата и нозете.

– Сите трчаа надвор. Слушнав експлозија и видов блесок светлина, кога паднав на земја. Инстинктивно потрчав во арената за да им помогнам на луѓето – раскажал Паркер.

Тој се обидел да спаси и една жена за која рекол дека имала околу 60 години. „Ми почина на рацете. Не можев да престанам да плачам“, раскажал потресениот Паркер.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1