Можен нов удар од метеор во Русија – бројот на повредени расте (Видео)


still-youtube-potapow-322

Сергеј Смирнов од руската опсерваторија „Пулково“ изјави дека постои голема можност во следните неколку часа во атмосферата на Земјата да влезе нов метеор, откако претходниот се распрсна и повреди повеќе од 500 луѓе во Чељабинската Област.

Гувернерот на Чељабинската Област изјави дека спасувачките екипи откриле оти метеорот паднал во езерото во близина на градот Чебаркул иако научниците тврдат дека тој се распаднал.

– Објектот би можел да биде околу метар во пречник и тежок неколку тони. Кога влегол во атмосферата се распрснал и го продолжил патот создавајќи експлозивен бран и емитувајќи светлина.

photo-682

Тоа е причината за блесоците и како и искршените прозорци. Најверојатно негавато структура беше од железо, бидејќи толку далеку се проби низ атмосферата. Ние и натаму немаме точни податоци за деловите од метеорот, изјави Валери Шувалов од рускиот Институт за динамика.

Олег Малков аеронаутички научник од Московскиот државен универзитет истакна дека метеорот не е откриен во вселената најверојатно затоа што дошол од правец на Сонцето.

– Ни можеме да ги видиме само камењата кои доаѓаат од правецот на ноќното небо. Метеорскиот дожд на Урал не е е поврзан со астероидот 2012ДА14, кој ќе се приближи до Земјата во следните неколку часа.

Руската академија на науки процени дека метеорот бил тежок околу десет тони пред влегувањето во атмосферата на Земјата.

МЕТЕОРИТ УДРИЛ И ВО ФАБРИКА – НАД 400 ПОВРЕДЕНИ 3 КРИТИЧНО (ВИДЕО/ФОТО)
ЕКСПЛОЗИИ, КРШЕЊЕ ПРОЗОРЦИ, МРТВИ ТЕЛЕФОНИ, ПАНИКА – МЕТЕОРСКИ ДОЖД ЈА ПОГОДИ РУСИЈА (ВИДЕО/ФОТО)

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1