Заврши драмата: Патниците кои 5 дена беа на бродот без струја стапнаа на земја (Видео)


Крузерот со 4.229 патници и членови на екипажот, кој претрпе хаварија во Мексиканскиот Залив во неделата денеска беше извлечен со реморкери до пристаништето на градот Мобајл, во американската сојузна држава Алабама.

g_karnival44Пожарот во машинското одделение го остави во неделата луксузниот крузер „Карнивал триумф“ без електрична енергија. Проблеми со дотокот на струја бродот имал и пред неколку недели, но компанијата сопственик тврди дека таа нема никаква врска со пожарот.

За патниците патувањето од соништата стана вистински кошмар, откако беа принудени да чекаат со часови на ред за да добијат сендвич и да се облекуваат во пластични ќеси.

brod2

Според изјави на очевидци канализацијата пукнала, тоалетите биле запушени, а нечистата вода проникнала во кабините.

– Условите беа ужасни. Имаше голем проблем со хигиената, а да не зборувам за смрдеата, изјави патничка од Тексас за Ен-Би-Си.

Друга патничка изјави дека екипажот од 1.086 лица сторил се што е во негова моќ за да им го олесни на патниците престојот во такви услови, а трета жена истакна дека ситуацијата останала смирена и оти ниту еден од патниците не кренал паника.

Бродот долг 272 метри се вкотвил на пристаништето Мобајл кусо по 21 часот по локално време (три часот по полноќ според Гринич), велечен од флотила реморкери. Бродот испловил на четиридневно крстарење на 7 февруари од Галвстон во Тексас.

brod brod3Инцидентот во Мексиканскиот Залив е нова дамка за имиџот на компанјата „Карнивал корп“, откако минататата година нејзиниот луксузен крузер „Коста Конкордија“ претрпе бродолом покрај бреговите на Италија, во кој загинаа 32 лица

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1