Му била лута на ЕВН – запалила трафостаница во Велес


Против М.П (46) од велешко е поднесена кривична пријава, поради основано сомнение дека сторилa кривично дело „предизвикување општа опасност“ .

trafostanica pozarВо понеделникот, пријавената незадоволна од нерешениот спор со ЕВН, во знак на револт купила едно литро бензин и го попрскала ѕидот на трафостаницата лоцирана во Башино село. Потоа со запалка го запалила бензинот и предизвикала пожар.

По кратко време пожарот бил локализиран без да предизвика оштетувања на трафостаницата.

Инаку, и во изминатите години како резултат на овој спор со ЕВН, каде наводно и биле натпишани повеќе киловат часови, од страна на пријавената, во два наврати има предизвикано оштетување на јавните инсталации на ЕВН, а за кој инкриминирани активности од страна на СВР Велес и се поднесени кривични пријави.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1