Поради гаќите и хомосексуалците на Вечер и Вест новинарот Мишко Иванов поднесе оставка од ЗНМ


Новинарот Мишко Иванов, член на Управниот одбор на ЗНМ, денеска поднесе неотповиклива оставка.

misko-568x320Сакам да соопштам дека поднесувам оставка од функцијата член на УО на ЗНМ. Без дa навлегувам во патетични образложенија, а поаѓајќи од мојот вредносен и морален дискурс и неможејќи да бидам нем сведок на бледите и безтематски соопштенија кои ги издава ЗНМ (а не ме амнестира и мене од одговорност) поднесувам неотповиклива оставка од местото член на УО на ЗНМ, особено после последните две соопштенија и изедначувањето на одговорноста.

Јас и понатаму останувам новинар кој е отворен и достапен за сите добронамерни сугестии на колегите новинари, се разбира доколку имаат потреба од тоа, напишал Иванов.

Оставката доаѓа по денешното соопштение во кое здружението информираше дека е разочарано од злоупотребата на медиумите од дневните весници Вест и Вечер за дискредитација на новинарите по полова припадност и сексуална ориентација, а таквото новинарство го нарече непрофесионално и неетичко со кое во очите на јавноста се омаловажуваат новинарите и новинарската професија.

И новинарот Владимир Тевчев, исто така член на Управниот одбор на ЗНМ, како член на УО на ЗНМ се изјаснил против денешното така формулирано соопштение. За оставка, Тевчев ќе размисли.

Извор – А1он

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1