Mу го убија детето – се закани со одмазда – место убијците го уапсија таткото


Таткото на убиеното момче од Војводина, кое беше брутално убиено на 17 март во Бечеј, Иштван Лакатуш е приведен од страна на полицијата поради тоа што се закани дека сам ќе и пресуди на убијците, доколку полицијата не превземе ништо

По двочасовниот разговор со надлежните, тој бил пуштен на слобода.

ervin2 -Тоа го говорев во афект. Бев исклучително изнервиран, разочаран и се чувствував поразен затоа што полицијата соопштува дека мојот син имал полесни повреди и дека се задушил. Имав впечаток дека не ја спроведуваат истрагата како што треба и дека убијците ќе им побегнат. Заради тоа реков дека по погребот сам ќе тргнам во потрага и дека ќе им пресудам наместо обвинителството и полицијата, вели Лакатуш.

-Ми говореа да се смирам. Се уплашиле за безбедноста на малолетникот кој е уапсен и сместен во Центарот за социјален труд. Мислеа дека ќе му наштетам или дека ќе го побарам неговото семејство.

Никому не му посакувам зло, но сакам максимална казна за бруталното изживување со мојот син.

323747_hro-ervin_f Сакам полицијата да ги пронајде неговите соучесници. Ервин и пред ова беше претепан, од ќотекот доби потрес на мозокот. Тогаш, полицијата ништо не направи. Се надевам дека сега ќе биде поинаку, дека ќе ги пронајдат сите убијци и дека ова момче ќе одговара и покрај тоа што има само 14 години, огорчено изјавил Лакатуш.

Како што пренесуваат српските медиуми 14 годишниот П.П. е уапсен како главен осомничен за претепување на Ервин Билицки, откако во неговиот стан биле пронајдени крвави панталони, а нивните сознанија се кријат во најголема тајност заради можната освета или притисокот врз останатите членови на скинхед групата, чијшто предводник е П. П.

ТАТКОТО НА УБИЕНОТО МОМЧЕ ВО СРБИЈА: ЌЕ ГО ОДМАЗДАМ МОЈОТ СИН ПА ЌЕ СИ ПРЕСУДАМ САМ

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1