Му го зеле пиштолот на полицаецот и ја уништиле кафаната


Поради пукање од службен пиштол и демолирање на инвентарот во еден лесковачки ресторан, кривична пријава заработи еден граѓанин, а за уште еден е одреден притвор до месец дена.


Според полицискиот извештај, тројцата жители на Лесковац, на 11 август вечерта седеле во ресторанот „Чаршија“. Одеднаш лицето М.М. (33), станало, му го земал пиштолот на полицаецот В.В. (33) и испукал еден куршум во плафонот.
Потоа М.М. и С.Б. (32), продолжиле да пукаат, а потоа, се до доаѓањето на полицијата, почнале да го кршат инвентарот на ресторанот.
М.М. е обвинет за кривично дело предизвикување на општа опасност, С.Б. за насилничко однесување, а полицаецот В.В. за непријавување на кривично дело и соучесништво.

Tags: , , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1