Зак Собиек, тинејџер кој боледува од неизлечлив облик на рак, сними песна со која се збогува со своето семејство и пријателите, откако лекарите му кажале дека има само уште 3 месеци живот.
На 17-годишниот тинејџер од Минесота уште во 2009 кога имал 14 години му дијагностицирале рак на коските. Отишол во болница поради болки во грбот кога му го откриле туморот. Ималнеколку операции и кемотерапија но ракот се вратил. На последната контрола лекарите му кажале дека ракот е во прогресивна фаза и има уште 3 месеци живот.
Тој одлучил да сними песна која ќе остане и по неговата смрт. Видеото со песната ,,облаци,, го поставил на YouTube, а за кратко време го прегледале повеќе половина милион луѓе.