Штурец со големина на мал зајак е забележан во штипската викенд населба Суитлак , од страна на Кирил Панајотов. Дали се работи за мутант или?
Чудниот инсект имал две пипалки на главата, целото тело му било во корупка, со правилни форми, а опашката му е долга околу 10 сантиметри и има изглед на одбрамбено оружје.
Ентимолот од Штипскиот универзитет, Душан Спасов вели дека не станува збор за мутиран штурец или скакулец, едноставно овој инсект е ендемски и го има на Нов Зеланд и Јужна Африка.
Ентимолозите велат дека поради климатските промени можат да се јават вакви инсекти.
Спасов тврди дека ваков ендемски инсект пред десетина години видел кај нас,но и покрај тоа што е голем , не е опасен за луѓето.