МВР тргна во потрага – Игор Спасов, убиецот на Мартин Нешковски не се врати во затвор


Убиецот на Мартин Нешковски е во бегство. Игор Спасов, затворот го напуштил заради лекување ама не се вратил во Идризово. Со дозвола од судот во Штип каде живее Спасов, лани во август тој го напуштил затворот поради лоша здравствена состојба. Според одлуката на Штипскиот суд, осудениот Спасов имал 14 месеци за лекување кое требало да заврши минатиот петок. Тој не се појавил во Идризово, па затворската управа веднаш го информирала судот во Штип и Управата за извршување санкции.

„Точно е дека осуденото лице Игор Спасов имаше прекин од Основен суд Штип до 18.10, после тоа во понеделникот на 21 октомври ние по службена линија го известуваме Основниот суд во Штип, судијата за извршување санкции дека осуденото лице не е вратено во затвор Идризово и исто таква информација имаме доставено и до Управата за извршување на санкции. Со тоа ние го известуваме судот да ни даде одговор дали ќе се продолжи прекинот или ќе го известат МВР дека осуденото лице не е вратено на издржување на казната“, вели Боби Мојсовски, Директор на КПУ Идризово.

Информацијата дека Спасов не се вратил во Идризово, вчера пристигнала во Основниот суд Штип. Потврдуваат дека до минатиот петок траел прекинот на затворската казна по што тој требало да се врати зад решетки. Сега од судот во Штип очекуваат полицијата да го пронајде Спасов и да го врати на одлежување на затворската казна.

„Осудениот Игор Спасов имаше прекин на издржување на казна и на 18 овој месец требаше да се врати на одиздржување на казна затвор во КПУ Идризово. Вчера судот доби известување значи на 24.10 дека осудениот не се јави на доиздржување на казната затвор од кои причини Основниот суд во Штип издаде наредба за негово присилно спроведување до затворот до МВР-СВР Штип. Денес е издадена таа наредба и значи осудениот треба да биде спроведен. “, вели Јулијана Неткова, Портпарол на Основен суд Штип.

Од министерството за внатрешни работи велат дека денеска го добиле дописот од штипскиот суд и веќе почнала потрага по затвореникот што не се вратил во Идризово.

Игор Спасов е осуден на казна затвор од 14 години заради убиството на Мартин Нешковски во центарот на Скопје.

Инаку судот во Штип и претходно одобрил прекин на затворската казна за Спасов но тогаш се вратил во Идризово.

Sitel.mk

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1