На арачиновец не му се допаѓал зетот – го претепал и со закана со пиштол си ја зел ќерката


Арачиновецот Р.А. заедно со ,,сватовската тајфа,, составена од 5 лица вчера отишол во домот на несудениот зет 22 годишниот А.И.од Нукуштак, кумановско. Намерата му била да си ја врати ќерката.

Арачиновецот бил решен да си ја земе дома 19 годишната ќерка која доброволно отишла да живее со кумановецот. Веднаш штом пристигнал во дворот на куќата почнал да вика и да се расправа со зетот, а набрзо потоа кавгата прераснала во физичка пресметка.

Според полицијата несудениот дедо и неговите пријатели извадиле и пиштоли и испукале неколку куршуми во воздух, а го впериле пиштолот и во зетот со закана. Еден од куршумите завршил во куќата. Оштетено е стаклото од ходникот. По пукотницата дедото и пријателите си заминале.

Полицијата го истражува случајот и ќе поднесе пријава против напаѓачите.

Tags: , , , , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1