Татко и син претепале и ограбиле таксист во Штип


37 годишен штипјанец М.И., и неговиот 13 годишен син, вчера претепале штипски таксист на улицата „Христо Ботев”.

56 годишниот таксист ги земал патниците на улицата „Радански пат“ во Штип . Ги довезол до бараната дестинација но таткото и синот само му се нафрлиле и почнале да го удираат со што стигнат. Најмногу повреди таксистот има во пределот на главата, напаѓачите со боксови го удирале по лицето неколку пати, повреди има и по целото тело.

На крајот по ќотекот му земале 1.000 денари и избегале. Повредениот таксист добил помош во Медицинскиот центар Штип. Го пријавил настанот по што полицијата ги идентификувала напаѓачите како познати извршители на разни кривични дела.

 

Tags: , , , , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1