Едногодишно бебе почина од температурен шок


Едногодишно дете починало во Босна откако излегло од автомобил со клима. Едногодишниот Х.К починал во Сански Мост како последица од температурниот шок кој го доживеал.

Лекарите на здраствениот дом констатирале дека срценцето на малото бебе престанало да чука како резултат на темературниот шок кој го доживеал кога од автомобил со клима во кој температурата била под 20 степени, излегол надвор на температура од 37 степени.

Во здраствениот дом во Сански Мост потврдиле дека детето било мртво кога го донеле родителите.

Во полициската станица во овој град родителите изјавиле дека бебето заедно со своите родители само што допатувале од Шведска, каде семејството живее и работи. Доаѓале во посета на роднините во селото Чапље каде требало да го минат годишниот одмор.

За време на долгиот пат во автомобилот цело време работела климата и температурата била околу 18 степени. Кога стасале во домот на роднините го извадиле бебето од автомобилот и тоа во истиот момент доживеало температурен шок.

Мајката веднаш го вратила во возилото, се обидела и да го реанимира но детето не реагирало. Таткото веднаш влегол во автомобилот и се довезле до најблиската болница. Но таму само била констатирана смртта.

Share Button

Tags: , , , , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1