На денешен ден е родена Мајка Тереза


Мајка Тереза е хуманистка родена во Скопје на 26. август, 1910 година.  Таа била мисионерка на добрината и добитничка на бројни награди, меѓу кои и Нобеловата.

s_majkaterazaМајка Тереза (Агнеза Гонџа Бојаџиу) е родена, од татко Никола и мајка Дрона, на 26 август во Скопје, Македонија, a наредниот ден т.е. 27 август е крстена во Катедралната црква „Пресвето Срце Исусосво“ – Скопје и е дадено името Агнеза Гонџа.

Израснала во добро ситуирано католичко семејство. Од своите родители била воспитувана религиозно. На возраст од девет години нејзиниот татко, кој бил познат како великодушна личност ненадејно починал.

Затоа целото воспитување останува на нејзината мајка Драна, која била жена со извонреден карактер а пред се голема побожност. Нејзиното семејство беше познато по добрината, благоста, великодушноста и милосрдието кон сиромашните.

Главна улога во семејството Бојаџиу имале посветеноста и љубовта кон ближниот.Од тука уште на возраст од 12 години младата Агнеза се одлучила да влезе во манастир и да го посвети својот живот на Бога.

На 10 јуни 1970 Мајка Тереза за првпат од своето заминување во 1928 година се враќа во своето родно Скопје, во 1978 година повторно го посетува родниот град, а пак на 27 јуни 1980 година, во својата трета посета е прогласена за почесен граѓанин на нејзиниот роден град Скопје, а наредниот ден и службено ја отвори Куќата на Сестрите Мисионерки на Љубовта. На 19 септември 1986 година при четвртата и последна посета на Мајка Тереза купена е сегашната куќа на Сестрите Мисионерки на Љубовта во Скопје.

Исто така на овој ден (05.09)  во 1999 година, во Скопје, пред Домот на АРМ е откриен споменик на Мајка Тереза, најголема хуманистка на 20. век, добитник на Нобеловата награда за мир во 1979 година.

Нејзините зборови нема да ни кажат ништо ново, ништо што досега не сме го слушнале. Тие се едноставни, токму како и нејзиниот живот, но моќни исто колку и нејзините дела. Ова се нејзините најголемите цитати:

majka tereza„Ајде секогаш да се среќаваме со насмевка, бидејќи насмевката е почеток на љубовта”.

„Верувај во малите нешта, бидејќи токму во нив лежи твојата сила”.

„Љубовта започнува од домот, и не е важно колку правиме, туку колку љубов внесуваме во она што го правиме”.

„Шири ја љубовта секаде каде што одиш. Кога некој ќе дојде кај тебе, нека си замине посреќен отколку што дошол”.

„Да бидеш непосакуван, незгрижен, заборавен од сите…, тоа значи да бидеш погладен и посиромашен од оној кој нема што да јаде”.

„Мирот се раѓа од насмевката”.

„Ако не можеш да нахраниш 100 луѓе, нахрани барем една личност”.

„Секој од нас чувствува дека она што го прави е само една капка во океанот. Но ако не правиме ништо, океанот ќе биде посиромашен за таа една капка”.

„Никогаш нема да бидеме свесни за тоа колку добри нешта може да направи една обична насмевка”.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1