Годишнина од смртта на Мајка Тереза – одбележување во Скопје


На 5-ти септември во 1997 година во Калкута, Индија, почина Мајка Тереза, основачка на милосрдието. Во 1979 година ја доби Нобеловата награда за мир за извонредно широката дејност во помагањето на бедните, болните и унесреќените во целиот свет.

Папата Иван Павле Втори на 19 октомври 2003 година ја прогласи за Блажена.

Чествувањето на големата скопјанка ќе биде одбележено со врачување статуетки за хуманост „Мајка Тереза” и прикажување на играно-документарен филм „Наша Мајка”. Стартува во 20 часот во Домот на армијата на Република Македонија.

Статуа и амајлија со ликот на Мајка Тереза ќе добие носителката на златниот медал од параолимпијадата во Лондон, Оливера Бикова – реши Одборот за доделување на признанија на граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“.

Мајка Тереза (Агнеза Гонџа Бојаџиу) е родена, од татко Никола и мајка Дрона, на 26 август во Скопје, Македонија, a наредниот ден т.е. 27 август е крстена во Катедралната црква „Пресвето Срце Исусосво“ – Скопје и е дадено името Агнеза Гонџа.

Израснала во добро ситуирано католичко семејство. Од своите родители била воспитувана религиозно. На возраст од девет години нејзиниот татко, кој бил познат како великодушна личност ненадејно починал. Затоа целото воспитување останува на нејзината мајка Драна, која била жена со извонреден карактер а пред се голема побожност. Нејзиното семејство беше познато по добрината, благоста, великодушноста и милосрдието кон сиромашните.

Главна улога во семејството Бојаџиу имале посветеноста и љубовта кон ближниот. Од тука уште на возраст од 12 години младата Агнеза се одлучила да влезе во манастир и да го посвети својот живот на Бога.

На 10 јуни 1970 Мајка Тереза за првпат од своето заминување во 1928 година се враќа во своето родно Скопје, во 1978 година повторно го посетува родниот град, а пак на 27 јуни 1980 година, во својата трета посета е прогласена за почесен граѓанин на нејзиниот роден град Скопје, а наредниот ден и службено ја отвори Куќата на Сестрите Мисионерки на Љубовта. На 19 септември 1986 година при четвртата и последна посета на Мајка Тереза купена е сегашната куќа на Сестрите Мисионерки на Љубовта во Скопје.

Исто така на овој ден (05.09)  во 1999 година, во Скопје, пред Домот на АРМ е откриен споменик на Мајка Тереза, најголема хуманистка на 20. век, добитник на Нобеловата награда за мир во 1979 година.

Извор – Скопје Инфо

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1