Тинејџери македонци жигосани на интернет сајт – ќе реагира ли некој


Ова заслужува секаква осуда. Доколку сметате и вие дека не е соодветно споделете за да се изврши притисок за итна рекација.

 

Ги контролира ли некој тинејџерите на интернет??? Дали сме свесни што јавното жигосување може да му направи на еден млад живот????

Не е само до родителите, мора да постои механизам кои ќе го спречи ова. Секакви сајтови има во Македонија и светот каде младите несвесно си го уништуваат животот.

Но ајде на себе – туку го уништуваат и на други млади кои од тоа имаат последици целиот живот.

Во Македонија постои веб сајт ( блог ли е – што ли е ) со наслов gossipgirlskopje – на овој сајт се закачуваат фотографии со полно име и презиме од млади деца  – тинејџери, а одоздола по некој трач за нив. Кој од кого бил ,,скинат,, кој кого откачил – работи кој за децата во овие години може да се понижувачки и да влијаат на нивниот живот. По сите правила ова е исмевање и јавен мобинг на млади деца. Ова е само едено од местата каде се случува ова, но не е единствено – за жал ги има многу. Овде одбравме да поставиме линк од можеби ,,најблагиот,, сајт од нив за да не ги ,, рекламираме,, останатите кои се непристојни во поголема мера.

Утре и фотографија на нашите деца може да се најде овде – да го засрами детето и не дај боже но сведоци сме на милион приказни во светот каде деца поради јавно жигосување од пријателите на јавните мрежи се во депресија, а некои и си го одземаат животот.

Еве само еден од постовите – каде дури има линк и до фејсбук профилот на девојчето за сите да можат да одат и да ја исмеваат и понатаму.  Овде нема да ги прикажеме имињата и фејсбук профилите поради приватност на децата.

Добар ден, еве ме со уште една шокантна случка… Нашата сакана К***а Б** (https://www.facebook.com/Cl***.B***) го засакала Л**а Ав****ски кој бил во врска со Б***ка Ка***ска и поради тоа дебелата К***а збеснала и изразила желба за физичка пресметка со Бјанка. Се разбира ова не се случило…:(

Обновено – по објавувањето на информацијата и реакцијата на граѓаните овој блог е избришан. нема информации дали тоа го сторил авторот сам или пак избришан е поради големиот број пријави дека е несоодветен.

Избришан сајтот gossipgirlskopje – по масовната реакција на граѓаните


Share Button

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1