На денешен ден убиен Аркан: И по 15 години не се знае кој и зошто го убил


На денешен ден пред точно 15 години во белградскиот хотел „Интерконтинентал“ беше убиен Жељко Ражнатовиќ Аркан (48). Заедно со него настрадаа и Миленко Мандиќ и Драган Гариќ.

arkan-1386806178-411093

И по 15 години не се знае кој беше налогодавач и што е мотив за убиството на Аркан. Неговиот син од првиот брак Михајло, за организацијата на злосторството ги обвини Слободан Милошевич, Мирјана Марковиќ и Радомир Марковиќ.

milosevic-arkan

За убиството на командантот на Српската доброволна гарда беа осудени полицаецот Добросав Гариќ, Драган Николиќ и Милан Ѓуричиќ, кои ја негираа вмешаноста во атентатот. По донесувањето на пресудата во која Гавриќ доби 35 години затвор, а Ѓуричиќ и Николиќ по 30, првообвинетиот и Ѓуричиќ побегнаа од земјата. Гавриќ, кој во моментов се наоѓа во екстрадационен притвор во Јужна Африка тврдеше дека вечерта кога се случило убиството, тој случајно се нашол во хотелот „Интерконтинентал“.

Имено, со ова тројно убиство во белградскиот хотел започна серија убиства во белградското подземје од кои некои се разрешени, а некои не.

Аркан беше погребан на христијанскиот празник Св. Јован, со почесна стрелба и присуство на голем број јавни личности.

ceca-arkan1-630x419

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1