На двајца полицајци ќе им се суди – не му го одзеле пиштолот на трикратниот убиец од Кавадарци


Јавниот обвинител вчера поднел кривични пријави против двајца припадници на МВР од Кавадарци кои се обвинети за несовесно работење во службата и непостапување по Законот за оружје, бидејќи не му го одзеле пиштолот на трикратниот убиец Тони С. од Кавадарци кој ги уби таткото, мајката и сестрата на поранешната сопруга. toni

Обвинителството извести дека двајцата полицајци изготвувајќи кривични пријави против Т.С во одделни предмети, не постапиле по Законот за оружје и не извршиле проверка дали осомниченото лице поседува дозвола за носење на огнено поружје и дозвола за поседување на огнено оружје.

„Иако кривичните дела кои му се ставале на товар на тогаш осомниченото лице укажувале на потешко нарушување на семејните односи, за кои дела имал и правосилна судска пресуда, сега обвинетите службени лица не презеле мерки за одземање на оружјето и не поднеле предлог за одземање на оружјето на осомничениот. Со оружјето кое не му било одземено на тогаш осомниченото лице, истиот во ноември годинава изврши тројно убиство во Кавадарци и ги уби родителите и сестрата на поранешната сопруга“, се наведува во соопштението.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1