На градоначалникот од Велес „му пукна филмот“ зошто министерот говореше само албански


Очигледно двојазичноста во пракса предизвикува проблеми. Градоначалникот на Велес бурно реагираше на говорот на министерот за образование кој на новинарско прашање поставено на Албански најпрвин одби да одговори и на Македонски.

Покрај градоначалникот и новинарите Македонци инсистираа да дознаа што всушност се случува на прес конференцијата.

Слични проблеми имаше и минатата недела. Пратеникот на ДУИ Ејуп Алими кој воедно е и координатор на пратеничката група на партијата, на прес-конференција за медиумите говореше само на Албански јазик. Откако новинарите реагираа изјавата да биде дадена и на Македонски, во одбрана на Алими застана лидерот на ЛДП Милевски, по што неговиот колега од ДУИ ја напушти прес-салата.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1