На Малдиви се гради суперлуксузен архипелаг со подводни терени за голф


Се предвидува изградба на 43 приватни пловни острови, од кои секој ќе има свое пристаниште за јахта и базен.

Со просечна надморска височина од 1,5 метри Република Малдиви е најниска држава на светот. Поради стравот дека Малдиви може да потоне, малдивиската влада воспоставила соработка  со холандската градежна компанија  Доклендс Интернатионал и планира да го изгради најголемиот архипелаг на светот.

Се предвидува изградба на 43 приватни пловни острови, од кои секој ќе има свое пристаниште за јахта и базен.

Островите со помош на кабли и телескопски подвижни шипки ќе бидат прицврстени за дното на морето, со што ќе им се обезбеди стабилност доколку има големо невреме.

Посетителите ќе може да изнајмуваат приватни подморници, кои ќе испловуваат дирекно од нивните апартамини.

Проектот кој го осмисли холандската компанија  Вотерстудио ќе биде реализиран од страна на Доклендс Интернешнел, чиј генерален директор Паул Ван де Камп тврди дека проектот  ќе ги почитува сите еколошки стандарди, бидејќи станува збор за заштитено подрачје.

Подводни голф терени

До овие терени ќе се стигнува преку подводни ходници доволно големи и широки.

Во прва фаза ќе биде изграден терен за голф во кој ќе бидат вложени 400 милиони евра.

Теренот ќе се снабдува со соларна енергија која што на Малдиви ја има во изобилие. Зградата на голф клубот ќе биде целосно под вода и до неа ќе се оди со лифт.

Изградбата на теренот за голф треба да почне кон крајот на годинава, а се очекува да биде готов да се употребува кон крајот на 2013 година.

Share Button

Tags: , , , , , ,

Ирена Чачкова

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1