На спортист не му дале да ја види жената – одбил да трча и си заминал лут од Олимпијада


Поранешниот светски првак на 100 метри, Ким Колинс си замина од ОИ, затоа што му забраниле да ја посети сопругата.

 

Ким Колинс, го напушти учеството на Олимписките игри во Лондон, и изјави дека никогаш поевеќе нема да ги претставува Свети Кристофер и Невис, поради кавгата што ја имал со официјалните лица на оваа федерација.
„Не сакам да ги лажам навивачите. Нема да трчам вечерва. Натпреварувањето во Мексико беше последно на кое што ја претставував мојата земја“, напишал Колинс на Twitter.

Локалните медиуми пренесуваат дека до кавга со челните луѓе на олимпискиот комитет на оваа земја, дошло откако истите не му дозволиле да ја посети неговата сопруга.
„Дури и затворениците имаат право да ја посетат својата жена“, додал Колинс.

На свечената церемонија на отворањето на ОИ, токму Колинс го носеше знамето на Свети Кристофер и Невис, а најголемиот успех го постигна во 2003 година кога на Светското првенство во Париз го освои златниот медал.

Tags: , , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1