На земјиштето од касарната „Илинден“ ќе се градат станбени објекти


Станбени згради, деловни објекти, здравствени установи се само дел од објектите кои општината Карпош планира да се градат во северниот дел од касарната „Илинден“ во Скопје. Изградбата е дел од проектот „Старите касарни за нов развој“, со кој е предвидено 5 парцели со вкупна површина од 87.396 метри квадратни во сопственост на касарната да бидат отуѓени со електронско јавно наддавање и на нив да се градат станбени и деловни објекти. 34.814 квадратни метри се наменети за комерцијални и деловни објекти, а почетната цена за ова земјиште изнесува 6.000 денари за метар квадратен. 49.087 метри квадратни се наменети за домување во станбени згради чија почетна цена исто така изнесува 6.000 денари за метар. Понуден е и простор за здравствена установа од 3.495 метри квадратни по цена од 1.400 денари за метар.

Доколку општината успее да ги продаде сите парцели, во нејзината но и во државната каса ќе се слеат најмалку 8,5 милиони евра. Електронското јавно наддавање е закажано на 30 август.

 

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1