Со бомба решил да се пресмета со децата од соседот


Жител од српскиот град Крагуевац решил да се пресмета со децата од соседот, изнервиран поради тоа што топката со која си играле децата постојано паѓала во неговиот двор.

За среќа во инцидентот нема повредени, но од детонацијата на бомбата оштетени се прозорците и фасадата на куќата, како и возило фолксваген пасат.

Српската полиција веднаш реагирала по настанот и го уапсила 36-годишниот И.Н, поради основано сомнение дека фрлил бомба во дворот на Н.И.

Осомничениот претходно имал и вербална расправија со група деца, кои на околното спортско игралиште играле фудбал.

Меѓу децата бил и малолетниот син на Н.И, а расправата била иницирана поради често упаѓање на топката во дворот на осомничениот.

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1