Вечерва во Париз се случија неколку експлозии и пукотници во кои загинаа 60 лица, а десетици се повредени. Моментално 100 лица се држат како заложници во концертната сала.
CNN објави дека бројот на загинати пораснал на 60.
15 лица се убиени во нападот на концертната сала, а три во Stade de France, јавува AFP.
Според локалните медиуми на ресторанот „Мала Камбоџа“ биле фрлени три бомби во близина на Плоштадот на Републиката.
Новинарот на BBC од лице место вели дека на улицата гледа 10 луѓе кои се или мртви или тешко повредени. Според неговите зборови полицијата тукушто стигнала на местото на нападите.